Министерството за одбрана на САД ќе ги проверува шпекулациите за лабораториски модифицирани грини

Од:

Членови на Претставничкиот дом на САД стравуваат дека Пентагон пред неколку децении експериментирал со грини, а потоа ги пуштил надвор од лабораторијата, што предизвикало ширење на Лајмска болест, од која во САД боледуваат 300.000 луѓе.

Весникот „Рол кол“, специјализиран за покривање на сите настани во Конгресот и Капитол хил, пишува дека Претставничкиот дом одлучил да поддржи амандман на Законот за одбрана во 2020 година, што ќе бара Министерството за одбрана да ги провери шпекулациите за лабораториски модифицирани грини.

Републиканскиот парламентарец Кристофер Смит од Њу Џерси го напиша амандманот, кој бара од главниот истражувач на Стејт департментот да спроведе истрага и да поднесе извештај за тоа дали Министерството за одбрана од 1950 до 1975 година експериментирало со грини и други инсекти за да ги користат како биолошко оружје.

– Потребни ни се одговори и тоа веднаш, истакна Смит.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски