Министерска средба на Британија, САД и Франција за ситуацијата во Сирија

Од:

Министрите за надворешни работи на Велика Британија,САД и Франција ќе се сретнат в понеделник во Париз на разговори околу најновиот развој на ситуацијата околу Сирија,потврди британскиот Форин Офис.

Министрите Вилијам Хејг и Лоран Фабиус ќе разговараат во француската престолнина со државниот секретар Џон Кери,по неговата серија средби во Женева,со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за ставањето на сириското хемиско оружје под меѓународна контрола.

Кери во петокот ги опиша досегашните разговори со Лавров како „конструктивни“,но Стејт депратментот во Вашингтон предупреди дека САД нема да прифатат тактика на одолговлекување,за купување на време.

Кери и Лавров два дена разговараа за предлогот на Русија,според кој Сирија ке и го предаде целиот свој арсенал од хемиско оружје на меѓунардната заедница,за уништување. Кери одлучи да остане во Женева и да го продолжи дијалогот со својот руски колега Лавров,по што ке замине во Париз,на средба со Хејг и Фабиус.

Тројната париска средба ке се одржи на почетокот од неделата,во која треба да биде обелоденет извштајот на експертската комисија на ОН за инцидентот од 21 август и користењето на хемиско оружје против сириските цивили,што беше повод за најавената воена интервенција врз Сирија.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун најави вчера дека извештајот „сигурно ке потврди„ дека било користено хемиско оружје и го обвини сирискиот претседател Башар ал Асад за сторените „злосторства“ иако потврди дека се уште ги нема деталите од извештајот.Навестено е дека извештаојот на експертите ке потврди употреба на ова оружје во судирањата во Сирија,но нема никого да обвини за тоа.

Британскиот премиер Дејвид Камерон го поздрави рускиот план за Сирија,како „вреден за да биде разгледан„,но официјален Лондон и натаму останува определен за казнување на Асад,цврсто верувајки дека сирискиот претседател и неговата армија се виновни за нападот од пред две недели.

Во евентуалниот напад врз сириската територија,Велика Британија нема да учествува затоа што барањето на владата за согласност во британскиот Парламент беше отфрлено со мнозинство гласови на опозицијата и на противниците на војната кај либералдемократите и конзервативците.Франција, која најверојатно ке биде единствениот сојузник на САД во планираниот напад,останува на својата тврда позиција кон сирискиот режим, поставувајки ултимативни барања од Дамаск во врска со оружјето.

Овие три земји најавија дека заедно со уште „десетина арапски држави“ ке продолжат со помагање на сириската опозиција,против Асад и неговата власт.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети