Министерот за внатрешни работи на Словачка си поднесе оставка по убиството на новинарот

Од:

Министерот за внатрешни работи на Словачка, Роберт Калињак, поднесе оставка. Неговата оставка следи по антивладините протести организирани низ целата земја поради убиството на истражувачкиот новинар Јан Кучијак и неговата свршеница.

Словачкиот дневен весник „SME“ наведува дека Калињак на прес-конференција изјавил дека „постои само едно решение, а тоа е да се истражи убиството“.

„Тоа е она што најмногу ни треба. Во меѓувреме, ситуацијата се заострува“, рекол Калињак.

Изминатата недела, десетици илјади луѓе протестираа ширум Словачка барајќи темелна истрага за убиството на новинарот Кучијак и неговата свршеница. Демонстрантите побараа и промени во владата. Протестите се одржуваа во центарот на главниот град Братислава, како и во десетина други градови во Словачка.

Словачкиот премиер, Роберт Фицо, претходно изјави дека американскиот милијардер со унгарско потекло, Џорџ Сорос, можеби е вмешан во протестите ширум земјата.

Фицо, словачкиот претседател Андреј Киска и претседателот на словачкиот парламент, Андреј Данко, не успеаја да се договорат за заедничка декларација за смирување на ситуацијата во земјата по убиството на новинарот.

Пред да биде убиен, Кучијак работел на приказна за влијанието на италијанската мафија во Словачка, како и за можните врски на мафијата со блиски соработници на Фицо. Како што претходно објави „Ројтерс“, Фицо најави дека набрзо ќе ги свика своите коалициски партнери за да разговараат за начините како да се сочува интегритетот на владата по убиството на новинарот. Инаку, на оставката на Калињак и претходеше оставка на уште еден висок владин функционер. Тоа беше словачкиот министер за култура, Марек Мадарик, кој на таквиот потег се одлучил затоа што не можел да се помири со фактот дека за време на неговиот мандат бил ликвидиран истражувачкиот новинар.

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице

Словачка: Дојави за поставени бомби и мини во училиштата и судовите

Горан Наумовски

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент