Министерот Мерко во посета на Албанија

Од:

Министерот за странски инвестиции Рамиз Мерко од денеска до 4 август ќе престојува во официјална посета на Албанија за време на која ќе има средби со албанскиот претседател Илир Мета, со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај и со претставници на стопанските комори и индустрии, како и со бизнисмени.

Мерко ќе биде придружуван од заменик-директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Асип Усеини и од директорот на Меѓународната канцеларија „FM Consulting“ Фатос Мустафа.

Во соопштениот од кабинетот на Мерко, се вели дека посетата е во контекст на создавањето заедничка регионална економска зона, финансиски подржанa од Самитот во Трст кој се одржа во јули оваа година. Посетата е и можност за запознавање на албанската Влада и бизнис заедницата со новиот модел за водење бизнис на Македонија, како и олеснителните политики што ги спроведува Владата во насока на подобрување на бизнис климата.

Предвидени се средби со претседателот на Стопанската комора за трговија и индустрија на Тирана, Николин Јака, со претседателот на Агробизнис советот на Албанија, Агим Рапај, со претседателот на Агна груп Васил Начи, претседателот на Маре Адриатик, Марк Бабани, со Максим Цасли, директор на Deloitte за Албанија и Косово, со претседателот на Аиба Компани, Агрон Дука, како и со претседателот на Грин Фарм Фердинант Бани и други.

Мерко и неговите соработници ќе го презентираат новиот модел за привлекување странски инвестиции на Владата на Македонија во кој спаѓаат и делот на субвенциите кои се нудат на компаниите кои инвестираат во технолошко- индустриските развојни зони, но и надвор од нив. Владата на Македонија во овие области нуди голем број на олеснителни околности кои вклучуваат фискални ослободувања за период од 10 години.

Директорот на Меѓународната канцеларија „FM Consulting“ Фатос Мустафа, вели дека Македонија и Албанија како соседни земји треба заеднички да бараат можностите за заемна соработка, да бидат комплементарни едни со други, бидејќи тоа е единствениот начин да се интегрираат во поголемите пазари.

За Меѓународната канцеларија „FM Consulting” овие средби меѓу претставниците на двете Влади и бизнис заедници се најдобар пример за тоа како Македонија и Албанија треба уште повеќе да ги зајакнат своите позиции, да обезбедат поголема конкурентност и поповолна клима во претприемништвото во сите области од заеднички интерес, како што се индустријата, туризмот и др., информира кабинетот на министерот Рамиз Мерко.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов