Министерките за надворешни работи на 16 земји ги повикаа Талибанците да ја повлечат одлуката за образование на девојчињата

Од:

Министерките за надворешни работи на 16 земји денеска изјавија дека се „длабоко разочарани“ од одлуката на Талибанците да не дозволат девојчињата да посетуваат основно училиште и ги повикаа да ја повлечат својата одлука.

„Како жени и министерки за надворешни работи, ние сме длабоко разочарани и загрижени што на девојчињата во Авганистан им беше забранет пристап до средни училишта оваа пролет“, изјавија министерките од Албанија, Андора, Австралија, Белгија, БиХ, Канада, Естонија, Германија, Исланд, Косово, Малави, Монголија, Нов Зеланд, Шведска, Тонга и Обединетото Кралство во заедничка писмена изјава.

Новите авганистански власти неочекувано наредија затворање на училиштата за девојчиња во Авганистан, само неколку часа по нивното повторно отворање. Медиумите објавија дека на девојчињата кои пристигнале во постарите одделенија на основните и средните училишта им било кажано да се вратат дома.

Талибанците не ја разјаснија ваквата ненадејна одлука.

Министерките, во заедничкото соопштение, наведуваат дека одлуката е „особено вознемирувачка“ бидејќи Талибанците постојано ветуваа дека ќе ги отворат училишта за сите откако ја презедоа власта во земјата минатиот август.

„Ги повикуваме Талибанците да ја повлечат својата одлука и да гарантираат еднаков пристап на сите нивоа на образование, во сите провинции во земјата“, велат тие. Посочија дека во следниот период „ќе си ги мерат постапките, а не зборовите“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан