Минатата година во Авганистан загинале најмногу деминери на ОН

Од:

Минатата година во Авганистан загинале најмногу соработници на програмата на ОН за деминирање во последните 26 години, јави ТАСС, повикувајќи се на заменикот портпарол на светската организација Фрахан Хак.

Вкупно 34 деминери на ОН загинале во Авганистан во 2014 година, од кои 19 се убиени во два бунтовнички напади во јуни.

Претходно мисијата на ОН во Авганистан објави дека во 2014 година во земјата загинале најмногу цивили во изминатите неколку години.

Од јануари до ноември се убиени 3.188 и повредени 6.429 цивили, што е за 19 отсто повеќе во однос на претходната 2013 година. Најголем број жртви се во борби и експлозии на рачно изработени бомби.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан