Американските власти вчерашното убиство во близина на Милвоки го заведоа како домашен тероризам. Американските медиуми повикувајќи се на различни извори шпекулираат за мотивите на напаѓачот да усмрти шест луѓе, по што полицијата го уби него.
Како можен мотив се спомнува наводната припадност на убиецот на “организацијата на белите“, но како причина засега се наведува и што неодамна раскинал со неговата девојка.
Убиецот чиј идентитет сеуште не се открива, пукаше во храм во Милвоки, потоа уби двајца надвор од храмот, пукаше и рани полицаец по што беше убиен.
За убиецот не се соопштиува ништо, освен дека е меѓу 30 и 40 години, дека е белец и дека живее во Висконсин.
Неименувани извори за Еј Би Си Нјуз кажаа дека нападот е дело на „Скинхед“. Лос Анџелес Тајмс наведува дека причината што власта злосторството го заведе како „домашен тероризам“ е фактот дека носел специфични тетоважи.
Весникот „Гриндеј Печ“ пишува дека полицијата извршила претрес во куќата за која се претпоставува дека живеел напаѓачот. Жената која му ја изнајмила куќата дала детали кои се интересни за истрагата.
„Тој изнајми куќа и живееше некое време заедно со мојот син. Го пронајдовме преку оглас. Неодамна раскина со девојката“, изјави таа.