Милош Земан положи заклетва на функцијата претседател на Чешка

Од:

Милош Земан, првиот претседател на Чешка избран на непосредни избори денеска положи заклетва на функцијата, јави дописникот на МИА од Прага.

Свечената инаугурација на третиот претседател на самостојна Чешка се одржа во Владиславската сала на Прашкиот замок, на заедничка седница на двата Дома на чешкиот Парламент во присуство на пратениците, сенаторите, членовите на Владата, дипломатскиот кор и претставници на црквата.

На свеченоста, присуствуваше и досегашниот претседател Вацлав Клаус со сопругата Ливија и Дагмар Хавлова, вдовицата на првиот претседател на самостојна Чешка, Вацлав Хавел. Земан, заклетвата ја положи врз свечена верзија на чешкиот Устав од 1993 година, од осамостојувањето на Чешка, заколнувајќи и се на верност на својата татковина и изразувајќи подготвеност за почитување на Уставот и законите.

Неговиот говор не беше традиционален, со оглед на тоа што претходно не беше поделен на новинарите бидејќи новиот претседател зборуваше напамет, без да чита.

Во мандатот кој му претстои следните пет години, новиот чешки претседател си постави неколку цели: – Доколку тоа го прифатат партиите, јас се нудам како олеснувач, во улогата на модератор, а не да судам, бидејќи тоа не е улогата на Претседателот на Републиката, порача Земан. Тој, во своето обраќање додаде дека ќе ја поддржува позитивната девијација, односно личностите кои со своите дела се корисни за државата.

– За остров на таква девијација ги сметам и значаен дел од чешките медиуми. Дел, кој се занимава со перење на мозокот, медиумска масажа и манипулација на јавното мислење. Дел, чии претставници се истакнуваат со минимално знаење и максимална самодоверба, рече Земан повторувајќи ги своите постојани критики кон новинарите.

Милош Земан е првиот чешки претседател избран од народот на директни избори. Во вториот круг, со значителна предност од 55 проценти освоени гласови го победи својот противник, актуелниот вицепремиер и министер за надворешни работи Карел Шварценберг, за кого гласаа 45 проценти од избирачите. Претходните претседатели Вацлав Хавел и Вацлав Клаус беа избрани од Парламентот.

Би можело да ве интересира

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот