Милитантни убија 42 лица во напад на средно училиште во Уганда

Од:

Најмалку 42 лица загинаа, а уште осум се тешко повредени во напад на средно училиште во западна Уганда, за кој постои сомневање дека го извршиле бунтовниците, соопштија денеска полицијата и локалните власти.

Претставник на провинциската влада изјави за германската новинска агенција ДПА дека биле киднапирани и 15 деца.

Сојузничките демократски сили (ADF), паравоена група поврзана со групата Исламска држава, беа обвинети за нападот во петокот во текот на ноќта во градот Мпондве, во близина на границата со Демократска Република Конго.

Армијата на Уганда соопшти дека ги бара милитантите и дека ќе возврати. АДФ и другите конгоански паравоени сили со години вршат напади во пограничниот регион на двете источноафрикански земји.

Сојузничките демократски сили тврдат дека се борат за правата на муслиманите, кои се повеќе се туркаат на маргините на општеството од владата на Уганда.

Целта на групата е да ја собори владата во главниот град на Уганда, Кампала. Сепак, жртвите на нивните напади се главно цивили. Најлошиот напад на групата беше на универзитет во пограничната провинција во 1998 година, кога беа убиени 80 студенти.

Би можело да ве интересира

Американка отвори центар за лекување на деца во Уганда, над 100 умреа затоа што не беше медицинско лице

Предраг Петровиќ

Незадоволен телохранител во Уганда го уби министерот кој требало да го штити

Ана Ололовска

Стампедо во трговски центар во Уганда, најмалку 9 лица загинаа

Претседателот на Уганда го назначи Братислав Стоиљковиќ за трговски претставник на земјата за Југоисточна Европа

Персоналот во затворите во Уганда нема да користи мобилни телефони за време на СП во фудбал

Ана Ололовска

Пожар во училиште за слепи во Уганда, загинаа најмалку 11 ученици