Mилиони деца потенцијално изложени на ризик од онлајн злоставување

Од:

Повеќе од 14 милиони деца потенцијално се изложени на штетна онлајн содржина, а 35 милиони деца може да бидат изложени на некој вид онлајн злоставување, се вели во резултати спроведени во 12 држави.

– Свесни сме дека предностите на интернетот се поголеми отколку штетата што може да биде предизвикана. Ја нарачавме оваа студија во намера да подобриме транспарентоност кога се во прашање ризици за младите луѓе кои настануваат како резултат на зголемен број луѓе кои пристапуваат на интернет, вели претседателот и генерален директор на Теленор Група, Јон Фредрик Баксаас.

Тој заклучува дека градењето отпорност е најефикасен начин младите луѓе да се подготват да се соочат со онлајн светот. Заклучокот од истражувањето е дека соочување со проблемите кои ги предизвикува интернетот, бара заедничка акција на повеќе групи за интерес – од родители, вработени во образовниот сектор, државни службеници како и провајдери кои треба заедно да работат за намалување на ризиците и изградба на отпорност меѓу младите.

Според истражувањето, најмногу „на удар“ се пазарите на Норвешка, Данска и Шведска, но имаат и најдобра отпорност. Најмалку со ризик се соочени (и најмал отпор) Бангладеш и Пакистан.

Студијата покажува дека децата се повеќе го користат интернет како средство за комуникација, образование, забава и изразување идентитет како и за нови можности и вештини во секојдневниот живот.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on