Британецот, Адријан Бејфорд кој освои 168 милиони фунти (180 милиони евра) на лотарија, морал да ја затвори неговата музичка продавнициа поради многуте луѓе кои го молеле за пари.
И покрај големата добивка на лотарија „Еуромилионс“, таткото на две деца планирал да продолжи да работи затоа што ужива во контактот со луѓето. Адријан (41) се вратил на работа во својата приватна музичка продавница во Хаверхил во Велика Британија и тоа само две недели откако тој и неговата сопруга Гилијан (40) во август 2012 година ја освоија наградата. Меѓутоа, сега одлучи да стави клуч во бравата.
– Адријан имаше проблеми поради луѓето кои доаѓаа во продавницата и се обидува да му „измолзат“ пари, рече еден од неговите соседи.
Тој додаде и дека среќниот добитник пред Божик организирал голема распродажба кога продавал ЦД и ДВД дискови за само десет фунти (12 евра) по парче.
– Во секој град има будала и некои од нив станаа непријатни откако тој ги одби, раскажа соседот.
Во продавницата која ја има заедно со партнерот Адријан продавал и гитари. Знакот на излогот наведува на заклучок дека новопечениот мултимилионер планира да покрене нова работа која ќе опфати продавање и поправка на музички инструменит. Тој, инаку, некогаш работел и како поштар, а во минатото продавал половни ЦД на пазарот.
Кога тој и неговата сопруга разбрале дека ја освоиле главната награда, нарачале пица од интернационалниот ресторан за брза храна „Доминос“ и така го прославиле својот голем ден. После тоа резервирале лет за Шкотска, за со приколка да ја разгледаат оваа земја.
После освоената добивка се најдоа на 516 место на листата на најбогати на „Сандеј тајмс“ и неодамна купија голема вила на селскиот имот во источна Англија, која чинела шест милиони фунти (повеќе од седум милиони евра).
Вила има седум спални соби, четири мермерни купатила и споредно крило со уште три спални соби, а на имотот од 40 хектари шума и обработливо земјише се наоѓа и селска куќа и четири колиби. Бајфордови се на второ место во Велика Британија по големина на главната премија. Рекордот го држат Колин и Кристин Вир од Ајершир кои во јули 2011 година освоија награда од 161 милион фунти (околу 200 милиони евра).