Милион и половина евра од ЕУ за хуманитарни цели во Шри Ланка

Од:

Европската Комисија испрати 1,5 милиони евра хуманитарна помош за справување со економската криза во Шри Ланка, јави дописничката на МИА од Брисел.

Средствата што ги ослободи денес Европската Комисија имаат за цел да се помогне за основните потреби на населението во Шри Ланка, пред сѐ исхраната, здравството, образованието и заштитата, парите се наменети првенствено за најранливите групи на граѓани.

Еврокомесарот задолжен за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич, изјави дека Шри Ланка се соочува со продолжена социо-економска криза која непрекинато ги троши ресурсите на земјата и претставува закана за прехранбената сигурност на населението.

Со ова Европската Комисија ја потврдува својата поддршка за хуманитарните потреби на земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Побегнатиот поранешен претседател на Шри Ланка, Раџапакса се врати во татковината

Ана Ололовска

Владата на Шри Ланка бара ограничување на ингеренциите на претседателот

А1он

Протест против владината репресија на Шри Ланка

Парламентот на Шри Ланка изгласа продолжување на вонредната состојба

Динеш Гунавардена денеска положи заклетва како премиер на Шри Ланка

Ана Ололовска

Досегашниот премиер на Шри Ланка избран за претседател на земјата