Милијарди евра руски пари се „замрзнати“ во Швајцарија

Од:

Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија на крајот на минатиот месец порасна на 7,4 милијарди швајцарски франци (околу 7,7 милијарди евра), соопшти денеска швајцарската влада.

Се додава дека вредноста на руските средства во Швајцарија пред една година била 5,8 милијарди франци (околу 6,1 милијарди евра).

Владата во Берн соопшти дека зголемувањето од 1,6 милијарди франци се должи на идентификување и блокирање на дополнителни средства.

Европа ги замрзна руските средства по почетокот на војната во Украина, а приходите од тие средства се користат за помош на Киев.

Би можело да ве интересира

Нереди во Швајцарија: Демонстранти ја попречувaа полицијата да му помогне на повреден малолетник

Горан Наумовски

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

Си присвоиле 80 милиони денари од Државна лотарија: Истрага против две финансиски раководителки

Предраг Петровиќ

Трагедија кај Суш: Има загинати и повредени во автобуска несреќа

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Ужас во Швајцарија: Убиено едно лице, петмина ранети во пукање на рејв забава

Предраг Петровиќ