Милијардер се откажа од руското државјанство поради конфликтот во Украина

Од:

Милијардерот Олег Тинков, основач на онлајн банката Тинков, изјави дека се откажал од руското државјанство поради конфликтот во Украина.

„Донесов одлука да се одречам од руското државјанство. Не можам и не сакам да бидам поврзуван со фашистичка земја што започна војна со нејзиниот мирен сосед и што секојдневно убива невини луѓе“, напиша Тинков на Инстаграм.

Милијардерот изрази надеж дека и други истакнати руски бизнисмени ќе го следат неговиот пример, со цел да се ослабнат „режимот на претседателот Владимир Путин и неговата економија“ и на крај да се порази.

Тинков со пораката сподели и фотографија од потврда од рускиот конзулат како доказ дека веќе нема руско државјанство.

„Ја мразам Русија на Путин, но, ги сакам сите Руси кои јасно се против оваа луда војна“, додаде милијардерот.

Тинков жестоко ја критикуваше „апсурдната“ руска офанзива во Украина во април, повикувајќи го Западот да помогне да заврши „масакрот“.

Милијардерот беше уапсен во 2020 година во Лондон на барање на САД. Тие го обвинија за затајување данок. Подоцна тој со кауција беше ослободен и се лекуваше во Лондон од леукемија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО