Милан Кундера по 40 години повторно државјанин на Чешка

Од:

Познатиот писател Милан Кундера повторно е државјанин на Чешка, откако му е врачено државјанство по 40 години откако истото му беше одземено.

Амбасадорот на Чешка во Франција, Петр Друлак за чешката телевизија изјави дека минатата недела му врачил на 90-годишниот Кундера документ за државјанство на Чешка во неговиот стан во Париз.

Враќањето на државјанството на писателот на книгата „Неподнослива леснотија на постоењето“ е резултат на минатогодишниот состанок на Кундера со чешкиот премиер Андреј Бабиш во Париз.

Кундера замина од комунистичката Чешкословачка и од 1975 година живее во Франција, каде ги објави некои од најпознатите дела, како што се „Книга на смеата и заборавот“, „Уметност на романот“ и „Бесмртност“.

Неговите подоцнежни дела се пишувани на француски, но не се преведени на чешки јазик. Кундера повеќепати ја посетил Чешка, но никогаш не разговарал со новинарите.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница