Михаил Бродски: Израел ги префрли системите „Патриот“ што ги доби од САД во Украина

Од:

Израелскиот амбасадор во Украина, Михаил Бродски, изјави дека Израел му ги префрлил на Киев системите за воздушна одбрана „Патриот“ што ги добил од Соединетите Американски Држави на почетокот на 90-тите години од минатиот век, објавија денес украинските медиуми.

„На почетокот на 90-тите, кога се водеше првата војна во Заливот, добивме системи „Патриот“ од САД. Тие сега се во Украина, каде што се согласивме да ги префрлиме“, рече тој, објави „Укринформ“.

Бродски додаде дека не се зборувало многу за тоа, па затоа не е вистина кога се вели дека Израел не ѝ помогнал на Украина воено.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел жестоко удира на Иран и Либан, Иранците одговраат со напади на заливските земји

Најмалку 32 лица се повредени во напади со беспилотни летала врз регионот Лавов

Киев му се закани на Трамп: Ќе одговараш пред американскиот народ

Иран: Нема преговори со САД

Израел започна серија воздушни напади врз Техеран

Трамп испраќа елитни падобранци на Блискиот Исток