Мигранти киднапирале товарен брод во Италија, го нападнале екипажот, ги уапсија специјалци

Од:

Италијанските специјалци вчера совладаа група мигранти кои киднапираа товарен брод во близина на брегот на Неапол. Неколку лица од група од 15 кои се криеле на бродот го совладале екипажот, соопштија властите. Тие го принудија бродот Галата Сивејс, кој пловел под турско знаме, да се пренасочи од својата рута. Бродот пловел од Турција кон Франција.

Италијанската морнарица стигнала до бродот со хеликоптер и ги уапсила напаѓачите, кои биле вооружени со ножеви. „Се заврши добро“, објави италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозето на Твитер.

Бродот потоа бил упатен во Неапол на полициска проверка, а тројца од 15-те мигранти биле обвинети за поседување оружје.

Две жени, од кои едната е бремена, и двајца мажи се пренесени во болница, јави АНСА, повикувајќи се на здравствените власти во Неапол.

Другите мигранти, кои на полицијата ѝ кажале дека се од Авганистан, Сирија и Ирак, биле сместени во прифатен центар за бегалци. Бродот ја напушти Италија и го продолжи патувањето кон Франција.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он