Microsoft планира да го смени традиционалниот распоред за претставување на новите верзии на оперативниот систем Windows. Се очекува името на новата платформа да биде Windows Blue и таа да се појави во средината на 2013 година, објави интернет изданието ZDNet.
Подоцна информацијата беше потврдена и од извори на онлајн изданието TheVerge. На крајот софтверскиот гигант планира да започне постепено надградба на Windows секоја година.
Компанијата ќе ги нуди новите верзии по многу ниска цена или дури и бесплатно, ако корисниците исполнат одредени услови. Главната цел на Microsoft е сите да се префрлат од Windows до Windows Blue.
Промената е со цел да се намали финансискиот товар, која се појавува кога новата верзија на Windows се доставува еднаш на неколку години. Освен тоа ќе овозможи и непречено интегрирање на новите функции и промени, што ќе се одрази добро и на самите корисници.
Се очекува Windows Blue да предлага промени во интерфејсот и други подобрувања во перформансите. Тој ќе подржува и апликации за Windows 8.
Новиот распоред ќе влијае и на мобилната платформа Windows Phone. Така софтверскиот гигант ќе нуди редовни ажурирања на своите платформи, исто како што го прават тоа Apple и Google. До моментов нема коментар од страна на Microsoft.