Метален детектор за посетителите на римскиот Колосеум поради ризик од напади

Од:

Властите во Рим ќе инсталираат метални детектори на влезот на Колосеумот, кој е еден од најголемите знаменитости на италијанската престолнина.

Големите туристички центри низ Европа ги затегнуваат на тој начин мерките за безбедност поради неодамнешните смртоносни напади во Париз минатата седмица.

Портпаролот на управата за археолошки објекти во Рим рече дека трагедијата во Париз е причина за одлуката да се инсталираат детекторите на влезот на арената, на која се воделе жестоки гладијаторски борби во древниот Рим.

Американската амбасада во Рим вчера ги предупреди граѓаните на САД, дека големите туристички објекти, цркви, синагоги, ресторани, театри и хотели во италијанската престолнина и во Милано, можат да бидат цели на терористички напади.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италија: Романски тинејџер е застрелан на метро станица во предградието на Рим

(ВИДЕО) Експлозија во Рим: Тројца извлечени од под урнатините

Во Рим ротвајлер падна од третиот кат врз трудница

Предраг Петровиќ

Наезда на стаорци околу римскиот Колосеум

Девојче пронајдено мртво во автомобил во Рим, имаше само една година