Мета воведува глобална забрана за РТ и за другите руски државни медиуми

Од:

Мета објави забрана за руската државна телевизија РТ, Росија Севодња и другите руски државни медиуми од нејзините платформи, тврдејќи дека користеле измама за да водат тајни операции на онлајн влијание.

Забраната означува остра ескалација на акциите на најголемата светска компанија за социјални медиуми против руските државни медиуми, откако со години поминаа преземајќи поограничени чекори како што се блокирање реклами и намалување на досегот на нивните објави.

По внимателно разгледување, ги проширивме тековните мерки против руските државни медиуми.

Спроведувањето на забраната ќе стапи на сила во наредните денови, се вели во соопштението. Покрај Facebook, апликациите на Мета вклучуваат Instagram, WhatsApp и Threads.

Руската амбасада не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар, а Белата куќа одби да коментира.

Потегот на Мета доаѓа откако Соединетите Држави покренаа обвиненија за перење пари против двајца вработени во RT претходно овој месец за, како што рекоа официјални лица, ангажирање на американската компанија за интернет содржини за да влијае на овогодинешните претседателски избори во САД.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во петокот рече дека земјите треба да ги третираат активностите на руската државна телевизија како што ги третираат тајните разузнавачки операции.

RT ги обвини САД дека се обидуваат да ја спречат телевизијата да дејствува како новинарска организација.

Би можело да ве интересира

САД ја истражува „Мета“ за нејзината улога во илегалната трговија со дрога

Австралиска Влада: Успешен e законот кој ги обврзува Мета и Гугл да им плаќаат на медиумите

А1он

Раша тудеј на српски наскоро ќе почне со работа

Марк Закерберг отпушта 11.000 вработени во „Мета“

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

Русија ја додаде „Мета“ на листата на терористички организации

Катерина Ѓуровски