Месечева прашина која ја собрал Нил Армстрон, откриена во магацин после 40 години

Од:

Шишенца со месечева прашина, која ја собрале астронаутите Нил Армстронг и Баз Олдрин, неодамна се откриени во магацинот каде „заборавени“ престојувале дури 40 години.

Кога Армстронг и Олдрин во 1969 година се вратиле од првото патување  на Месечината, примероците од лунарните камења и тлото се расподелени на околу 150 лаборатории ширум светот.

Некои од примероците се префрлени во Лабораторијата за вселенски науки на Униерзитетот во Калифорнија во Беркли, меѓутоа после испитувањата наместо да се вратат на американската вселенска агенција НАСА, завршиле во магацин, заборавени.

Се до почетокот на мај, додека не ги открила Карен Нелсон, архивистка во Националната лабораторија Ловренс Брекли во Калифорнија. Таа пронајде 20 шишиња со рачно испишани етикети, со датум „24 јули 1970 година“.

– Шишињата со примероци биле вакумирани во стаклена тегла. Не знаеме како и кога завршиле во магацин, рече Нелсон, јави „Сајенс рикордер“.

Со шишињата имало и копија харитија на која пишувало: „Студии на јаглеродни соединенија во лунарни примероци од мисијата Аполо 11 и Аполо 12“, а која е објавена во 1971 година во извештаите од Втората лунарна вселенска конференција.

Еден од петте коавтори на студијата, добитникот на Нобеловата награда за хемија во 1961 година, Мелвин Калвин од Лабораторијата на Универзитетот во Калифорнија, одигра значајна улога во потрага по органските состојки во лунарните примероци и потрага на НАСА за воземјански живот.

Нелсон после откритието на месечевата прашина ја повикала Лабораторијата во Беркли, а потоа НАСА, чии официјални лица побарале примероците да им се вратат. НАСА сепак, и дозволи на Нелсон да ги извади шишињата од вакумираните тегли.

Ријан Зиглер од Вселенскиот центар „Џонсон“ на НАСА во Хјустон, задолжен за примероците со мисијата „Аполо“, смета дека три грама лунарни примероци завршиле во магацин поради „лошата комуникација“.

Тој смета дека материјалот најверојатно бил чуван поради претстојните испитувања кои никогаш не се случиле.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ