Меркур вчера помина меѓу Земјата и Сонцето, односно по Сончевиот диск што се случува 13 до 14 пати во еден век, односно на повеќе од десет години, а научниците сметаат дека неговото следење ќе им помогне во нивните истражувања на Вселената.
Преминот траеше околу 7,5 часа. Меркур својот транзит го започна во 13 часот 12 минути и 18 секунди по македонско време, а го заврши во 20 часот 42 минути и 24 секунди.
Меркур, чијшто дијаметар е 158 пати помал од на Сонцето, орбитира околу него на растојание од 58 милиони километри, а по своите физички карактеристики наликува на Месечината.
Последен пат овој феномен се случи во 2006 година, кога можеше да се следи од Северна и Јужна Америка, Тихиот Океан, Австралија и Јапонија. Последниот од Европа беше видлив 2003 година. Следниот пат тоа ќе се случи по околу три годни, а пота дури во 2032 година, па потоа во 2049 година.
Уште поретка појава е транзитирањето на Венера преку Сончевиот диск. Последниот пат овој феномен се случи во 2012 година, а на следниот ќе мора да се чека до 2117 година.
Појавата е видлива од областите на Северна и Јужна Америка, западна Европа и Африка, секако доколку облаците не го затскријат Сонцето.
Најинтересниот момент од секое транзитирање на Меркур е самиот негов почетокот, кога крукчето на планетата почува да „покаснува“ од работ на Сонцето, а силуетата на Меркур е црна и прецизно заоблена.
Научниците ќе го искористат минувањето на Меркур за низа научни истражувања, меѓу кои и подобрувањето на техниката за набљудување на планетите зад Сончевиот систем. Кога некоја планета минува пред Сонцето, сончевата светлина се придушува. Научниците може да ги мерат светлостите на другите ѕвезди за да ги пронајдат планетите кои се во нивните орбити.
Меркур за астрономите е се уште недоволни истражен. Францускиот научник Пјер Гасенди први во 1631 година објавил податоци за транзитот на Меркур пред Сонцето, а појавата неколку години претходно ја предвидел германскиот астроном Јоханес Кеплер, но починал недочекувајќи да ја види.