Француските власти денеска најавија нови мерки предвидени како помош за школите да се изборат со радикалниот ислам, расизмот и антисемитизмот.
Откако десетици училишта се пожалија до ресорното министерство дека ученици одбиваат на 8 јануари да се придружат на минута молчење за жртвите од нападот во редакцијата на Шарли ебдо, ќе биде воведена посебна обука на наставниците, а зголемено внимание ќе биде посветено на граѓанското и етичко образование на ученикот.
Во план е експлицитно ставање француски национални симболи – знаме и химна, а 9 декември ќе биде прогласен за Ден на секуларизмот.
Ќе бидат зголемени давачките за сиромашните ученици, а училиштата ќе треба да примаат ученици од различни општествени средини отколку досега. Во план е околу илјада педагози да се обучат за да им помогнат на наставници да одговорат на прашања на децата за француската секуларна традиција, граѓанство и предрасуди.
Ќе биде создаден и систем за „рано предупредување“ за да се идентификува и регуллира „загрижувачко однесување“.
Во француското општество не постои консензус за причините и начинот на решавање на проблемите на неуспешна интеграција на потомци на имигранти во општеството.
Претсеедателката на Националното здружение на француски родители, Валери Марти истакнува дека долго на сила е премолчено правило во францускиот образовен систем да не се зборува за тој проблем. Постојат мислења дека причините за проблемот се во „гетоизација“ на имигрантите во сиромашните зони во околина на големите градови, јави Танјуг.