Мерки за безбедност: Полицајци трчаат со маратонците во Токио

Од:

Организаторите на маратонот во Токио ги зајакнаa безбедносните мерки после убиството на двајца јапонски заложници од страна на терористичката група Исламска држава.

Претседателот на Организацискиот комитет на маратонот, Коџи Сакусаи изјави дека организаторите минале низ „антитерористички вежби и оти тесно соработуваат со полицијата, за трката во целост да биде безбедна“.

Се очекува на улиците на Токио во недела да трчаат околу 30 илјади учесници, а меѓу нив ќе има и голем број припадници на полициските сили како дел од безбедносните мерки.

Трката во Токио припаѓа на серијата големи светски маратони во која се Бостон, Чикаго, Лондон, Берлин и Њујорк.

Бостонскиот маратон во 2013 година беше цел на терористички напад, при што беа убиени три лица.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија