Меркел жестоко ги осуди антиисламските митинзи во Германија

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел жестоко ги осуди активностите на крајнодесничарските антиисламски активисти пред нивниот последен митинг, закажан за вечерва, пренесе ДПА.

Во Германија има слобода на протестирање, посочи Меркел, „но, нема место за кампањи на омраза и оцнување“.

– Тоа особено важи за активностите кои се насочени против луѓе, кои во Германија се дојдени од други земји, рече канцеларот.

Таа изјавата ја даде во момент кога полицијата се подготвува за новиот вечерашен протест, организиран од организацијата „Патриотски Европејци против исламизацијата на Западот“ (Пегида) во Дрезден.

Меркел во изјавата ги предупреди оние кои имаат намера да учествуваат во демонстрациите, организирани од „Пегида“ и нејзините подружници во другите делови на земјата, дека „треба да внимаваат да не бидат злоупотребени“.

Денешниот протест се очекува повторно да се оддржи во Дрезден откако пред една недела околу 10.000 лица бо истиот град учествуваа во демонстрациите на Пегида.

Истовремено со овој митинг во градот се очекува да се оддржи и контрамитинг, што повикува на повеќе толерантност, дополнува ДПА.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија