Меркел: Време е Брисел да им врати дел од моќта на земјите-членки

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел смета дека Европската унија би требало да ја разгледа можноста Брисел да им врати дел од својата моќ на државите-членки.

– Потребна ни е подобра координација, а тоа значи дека не мора се да се сработува во Брисел, вели Меркел.

Таа истакна дека ЕУ би требало да размисли околу тоа дали нешто може да им врати на националните малцинства.

– Би требало да разговараме за тоа дали би требало да и дадеме нови надлежности на ЕУ, но и за тоа што Брисел може да врати назад, изјави таа.

Иако пред неколку месеци се сметаше дека повиците на Велика Британија и на британскиот премиер Дејвид Камерон за темелни промени во ЕУ нема да наидат на разбирање, Холандија, а сега и Германија најавија дека сепак нешто може да се случи.

Според британските медиуми Меркел е подготвена разговорите на оваа тема да почнат за еден месец, кога ќе поминат изборите во Германија.

– Ова е првпат госпоѓа Меркел, која е убедливо најважниот европски лидер, толку експлицитно да говори за новата прераспределба на моќ. Господинот Камерон затоа оваа есен, по изборите во Германија ќе има има голема можност да ги почне темелните разговори за новата спогодба со Европа, изјави Матс Персон од експертската група „Отворена Европа“.

Камерон сака нови преговори со ЕУ, пред референдумот во 2017 година, на кој прашањето ќе биде останувањето во Унијата.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи и жена мачеле девојката со часови, ја врзале и ја фрлиле во река во Долна Саксонија

Горан Наумовски

Синот го запалил татко му додека спиел, па се забарикадирал во станот во Хамбург

Српски државјанин крвнички убиен од својот цимер додека бил на привремена работа во Бремен

Голема рација во Германија: Запленет кокаин вреден милијарди евра

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Тројца политичари на АфД нападнати во Германија

Горан Наумовски