Меркел во Кремљ побара од Путин да го ослободи Навални

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел на денешната средба воп Кремљ со рускиот претседател Владимир Путин побара ослободување од од затвор на неговиот политички противник Алексеј Навални, по повод годишнината од труењето на опозицискиот лидер.

-Инсистирав рускиот претседател да го ослободи Навални, рече Меркел од Кремљ, пренесуваат француските медиуми.

Путин негираше дека Навални е зад решетки заради неговите политички активности.

Рускиот претседател , од своја страна, денеска ја повика светската заедница да го спречи „распаѓањето“ на Авганистан и предупреди на „терористите“ кои влегуваат во соседните земји, вклучувајќи и под превезот на бегалци.

На прес -конференција со германската канцеларка Меркел во Кремљ тој, исто така, се изјасни против наметнувањето на „надворешните вредности“ врз оваа земја, уништена од долготрајниот конфликт.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија