Меркел верува дека украинската криза може да се реши по дипломатски пат

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази верување дека е можно да се најде дипломатско решение за украинската криза.

– Сакаме дипломаско решение за украинската криза. Оваа криза не може да биде решена со воени средства. Убедена сум дека можеме и треба да го постигнеме тоа, истакна Меркел пред делегатите на конгресот на нејзината Христијанско демократска унија (ЦДУ) во Келн, признавајќи дека патот кон вакво решение е тежок.

Таа додаде дека Русија го прекршила меѓународното право во однос на Украина и понатаму продолжува да го крши.

Во својот говор на конгресот Меркел зборуваше и за прашањето за буџетската дисциплина во ЕУ и почитување на правилата утврдени за излез од кризата.

– Ако ние не го почитуваме она за кое се договоривме за време на кризата, тогаш ќе ги натераме луѓето да се сомеваат во нас, а тоа ќе биде лошо за Европа. Ете зошто ние Германците бараме да се почитуваат правилата, нагласи германската канцеларка.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија