Меркел: Важно е багалците брзо да се интегрираат во општеството

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека многу е важно брзото интегрирање на бегалците во општеството и ја нагласи важноста на вработувањето, образованието и учењето германски јазик.

Во своето неделно обраќање до јавноста на Интернет, Меркел наведе дека Германија ја научи лекцијата од шеесетите години на минатиот век кога во оваа земја пристигна бранот таканаречени гастарбајтери, пренесе Танјуг.

Тогаш се мислело дека тие ќе се вратат во своите домови, но, место тоа, многу генерации останаа во земјата, потсетуваат агенциите.

Германската канцеларка наведе дека помалку образованите бегалци треба да минат низ обука за полесно да најдат работни места и дека нивните деца набрзо треба да тргнат на училиште.

Меркел, исто така, предложи воводување курс за интеграција во траење од 600 часови, што на бегалците ќе им помогне да стекнат знаење за јазикот и културата, а може да почне и пред официјално да им се одобри барањето за азил.

Германија, истовремено, воведе пропис за брза депортација на мигрантите кои не ги исполнуваат условите за доделување азил.

Би можело да ве интересира

Ангела Меркел доби награда за мир на УНЕСКО

Ана Ололовска

Поранешен главен советник на канцеларката Меркел стана советник на премиерот Рама

А1он

Меркел денеска ќе ја добие наградата на ОН за справување со миграциската криза од 2015 година

А1он

ОН ја награди Меркел за справувањето со миграциската криза од 2015/16 година

А1он

Меркел: Зборовите на Путин не се знак на слабост, туку на политичка мудрост

А1он

Песков не го коментира можното посредување на Меркел