Меркел: Турција ќе го одработи својот дел за бегалците

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел, по разговорот со турскиот премиер Ахмет Давутоглу, изјави дека Анкара ќе го одработи својот дел за намалување на бројот на илегални мигранти кои доаѓаат во Европска унија.

Меркел разговорот со Давутоглу и уште девет европски лидери во Амбасадата на Австрија во Брисел ги оцени како позитивни. Таа најави и дека ќе продолжат разговорите за планот за прераспределба на бегалците, со што земјите-членки на ЕУ би презеле одреден број на бегалци од Турција.

– Овој состанок беше многу добар. Разговорите ќе бидатр продолжени за начините за значително намалување на илегалната миграција по пат на доброволни квоти за прием на бегалси, истакна Меркел.

Таа додаде дека „не е потребно секој да земе учество во тој процес, но оти секоја држава која сака да учествува е добродојдена“. 

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија