Меркел со осуди обидот за воен удар во Турција

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел го осуди обидот за воен удар против претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и нагласи дека Берлин е на страната на оние кои ја заштитуваат демократијата и владеењето на правото во Турција. 

– Од името на целата Влада најкатегорично го осудувам обидот да биде насилно соборена законски избраната турска Влада, изјави таа пред новинарите во Берлин. 

Таа додаде дека мерките кои ќе бидат преземени против виновниците за трагичните настани синоќа треба да бидат исклучиво согласно законите на правната држава.

– Трагично е тоа колку многу луѓе загинаа за време на тој обид за преврат. Крвопролевањето во Турција треба веднаш да запре. Турскиот народ има право да го избира својот политички лидер на слободни избори, а политичките промени треба да се постигнуват во рамки на политичките институции и правилата за демократски натпревар. Тенковите по улиците и воздушните напади врз сопствениот народ се неприфатливи, рече Меркел. 

Таа додаде дека кризниот штаб на Министерството за надворешни работи одржува постојан контакт со дипломатските претставништва во Турција, а Министерството за одбрана ја следи ситуацијата во базата Инџирлик.

Би можело да ве интересира

Ангела Меркел доби награда за мир на УНЕСКО

Ана Ололовска

Поранешен главен советник на канцеларката Меркел стана советник на премиерот Рама

А1он

Меркел денеска ќе ја добие наградата на ОН за справување со миграциската криза од 2015 година

А1он

ОН ја награди Меркел за справувањето со миграциската криза од 2015/16 година

А1он

Меркел: Зборовите на Путин не се знак на слабост, туку на политичка мудрост

А1он

Песков не го коментира можното посредување на Меркел