Меркел со девет министри патува за Кина

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел во среда заедно со цел нејзин кабинет ќе патува за Кина на вторите по ред конеско-германски консултации на кои ќе учествуваат девет германски и 13 кинески министри.

Пред ова патување за Кина која е една од најважните германски економски партнери, германската канцеларка имаше две неочекувани случувања.

Првото беше дека група германски пратеници одбиле да одат во Кина. Властите во Пекинг одбиле германските парламентарци да се сретнат со претставници на националното малцинство на Ујгурите, а наместо тоа им пунудиле „многу фолклор“

Освен парламентарците, Меркел има проблем и со гермаските новинари кои и се обратија со отворено писмо.

Шиканирањето при известувањето, заканите и проблемите со виза-се само дел од секојдневиото на германските новинари. Околу 30 известувачи од Пекинг и Шангај бараат поддршка од Меркел да зборува за овие проблеми со кинеските колеги „ на највиско ниво“.

„Полициските служби ја попречуваат нашата работа и ни се закануваат дека ќе ни ја скратат визата доколку известуваме за „чувствителни“ теми“, се жалат новинарите во писмото.

Ова е второ писмо на новинарите, тие и минатата година напишаа, Меркел интервенираше, ама резултат немаше.

Германските новинари бараат исти услови за работа, како што кинеските новинари имаат во Германија.

Меркел во Кина ќе се задржи два дена, а ќе разговара со кинескиот премиер Вен Жибао, а покрај Пекинг, ќе го посети и Тјенцин, третиот најголем град кој е центар на индустријата и најголемото пристаниште во Кина.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите