Меркел се заложи за заживување на преговорите за членство меѓу Турција и ЕУ

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел, ден пред посетата на Турција, изјави дека поддржува почеток на отворање ново поглавје во преговорите за членство меѓу Турција и ЕУ, кои сега се во застој.

И покрај тоа штио и самата е скептична во однос на членството на Турција во ЕУ, таа се заложи преговорите со Анкара да продолжат без предрасуди за резултатите, пренесува бугарската агенција БТА.

– Овие преговори малку забавија во последно време, но јас поддржувам отворање нова глава, за да можеме да направиме мал напредок, рече таа.

Оваа изјава Меркел ја дава еден ден пред почетокот на дводневната посета на Турција.

Официјална Анкара преговорите за членство во Унијата ги почна во 2005 година. Од вкупно 35 поглавја за кои се преговара, Турција досега затвори само едно, кое се однесува на наука и истражување. Со исклучок на 13 глави, сите останати се блокирани, а Европската унија тврди дека Анкара не ги достигнала стандардите на ЕУ во однос на човековите права и слободата на печатот.

Меркел е поддржувач на идејата за „привилегирано партнерство“ меѓу Турција и ЕУ наместо полноправно членство.

Утре, германскиот канцелар ќе го посети градот Кахраманмараш, каде се распоредени германските зенитни батерии „Патриот“, доставена на Турција за заштита од евентуален напад од сириска страна.

Потоа Меркел ќе замине во Анкара, каде ќе разговара со премиерот Реџеп таип Ердоган и претседателот Абдула Ѓул. Преговорите за кандидатурата на Турција за ЕУ и борбата против тероризмот ќе бидат главни теми во разговорите.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија