Меркел: Се уште може да се дојде до договор за границата со Ирска

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел сугерираше дека е можно Европската Унија и Велика Британија да дојдат до договор за тоа како ќе функционира границата помеѓу Ирска и британската територија Северна Ирска по Брегзит, но додаде дека е потребно Лондон да даде предлог за тоа прашање.

Обраќајќи им се на новинарите за време на посетата на Јапонија, Меркел рече дека не може повторно да се преговара за веќе договореното за Брегзит.

Меѓутоа, според неа, прашањата околу „граничниот договор“ може да се решаваат со декларација за идните односи меѓу ЕУ и Британија.

– Треба да бидеме креативни и мора да се слушаме едни со други, рече Меркел.

Таа додаде дека се уште е можен договор за ирската граница.

– Пред се, ние мора да слушнеме од Велика Британија како таа тоа го замислува, истакна германската канцеларка.

Би можело да ве интересира

Ангела Меркел доби награда за мир на УНЕСКО

Ана Ололовска

Поранешен главен советник на канцеларката Меркел стана советник на премиерот Рама

А1он

Меркел денеска ќе ја добие наградата на ОН за справување со миграциската криза од 2015 година

А1он

ОН ја награди Меркел за справувањето со миграциската криза од 2015/16 година

А1он

Меркел: Зборовите на Путин не се знак на слабост, туку на политичка мудрост

А1он

Песков не го коментира можното посредување на Меркел