Меркел прв канцелар во посета на Дахау

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел ќе биде првиот шеф на германска влада, кој ќе го посети поранешниот концентрационен логор Дахау.

Меркел, која на изборите во септември сака да освои трет мандат, попладне ќе пристигна во поранешниот логор во близина на Минхен, каде ќе одржи кус говор, ќе положи венец и ќе го посети меморијалното подрачје.

Меркел ќе ја придружува претседателот на Одборот на поранешни затвореници во Дахау, Макс Манхаимер и останатите преживеани.

Манхаимер (93) оваа посета ја оцени како историска и знак на почитување кон поранешните затвореници.

 

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија