Меркел: Проблемот со бегалците може да биде решен само со меѓународна соработка

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел се заложи за својата политика кон бегалците и изјави дека нема да ги затвори германските граници.

Меркел тоа го изјави во интервју за весникот „Аугсбургер алгемајне“, во пресрет на конгресот на нејзината Демохристијанска унија (ЦДУ) и самитот на ЕУ идната недела.

– Работам за намалување на бројот на мигранти, но илузорно е да се смета дека проблемот со бегалците може да биде решен на германско-австриската граница. Проблемот се големиот бран бегалци може да биде решен само со меѓународна соработка, изјави канцеларката.

Според неа бегалскиот бран може да биде совладан само со подобра контрола на надворешните граници на ЕУ и со зајакната соработка со Турција, од каде најмногу бегалци тргнуваат за Европа.

Канцеларката смета дека од суштинско значење за решавање на проблемот е договор меѓу европските земји, како и уредување на конфликтите во Сирија и Либија.

– Сите ние високо го цениме слободното движење на луѓе, стоки и услуги. И никоја земја во Европа нема поголема потреба од тоа од Германија. Но, тоа може да делува долгорочно само ако надворешните граници на Европа се безбедни. Ако, како канцелар определам лимит на бројот на мигранти, што пристигнуваат секоја година, и ако тој лимит не биде запазен, бидејќи пристигнуваат  повеќе луѓе ќе се покаже дека не сум исполнила едно ветување и дека проблемите стануваат поголеми, а не помали, истакна Меркел.

Германската канцеларка исклучи секаква соработка со сирискиот претседател Башар ал Асад во борбата против џихадистичката група „Исламска држава“.

– Меѓународната коалиција против ИД не го вклучува Асад и неговата војска. Да не заборавиме дека повеќето бегалци, што пристигнуваат кај нас, бегаат од Асад. Тој продолжува да фрла бомби врз сопствениот народ. За него не може да има иднина на чело на државата, истакна Меркел и повика за политичко уредување на конфликтот со преговори меѓу режимот и неговите противници.

ЦДУ се собира на конгрес во понеделник и вторник, а германската канцеларка се соочува со зголемено неаздоволство во партијата, што се залага за ограничување на бројот на бегалци во земјата.

Би можело да ве интересира

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он