Меркел: Признавањето палестинска држава не е правилниот пат

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел истакна дека Германија е против признавањето палестинска држава, откако пратеници од неколку европски држави го поддржааа ваквиот чекор, пренесоа американските медиуми.

Новата шведска Влада на 30 октомври официјално ја призна палестинската
држава. Неделава и Парламентот на Шпанија одобри необврзувачка резолуција, која, исто така, ја признава палестинската држава, по сличните постапки на Велика Британија и Ирска.

Германија, меѓутоа, земјата која е најблискиот европски сојузник на Израел, соопшти дека нема да го следи овој чекор.

Меркел денеска во Берлин изјави дека нејзината Влада го поддржува решавањето на израелско-палестинскиот конфликт преку формирање две држави, но „ние гледаме колку е тоа тешко и сметаме дека едностраното
признавање палестинска држава нема да ни помогне да одиме напред кон таа цел“.

– Подобро е нашите напори да ги фокусираме врз заживувањето на израелско-палестинскиот дијалог, иако во сегашните услови и тоа изгледа многу тешко, рече Меркел.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија