Меркел пред Абас ја реафирмира идејата за две држави за палестинското прашање

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја потврди својата поддршка за изнаоѓање решение за израелско-палестинскиот конфликт за време на заедничката прес-конференција пред средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас, јави ДПА.

Меркел кажа дека политичкото решение ќе има за цел да осигури дека и палестинскиот и израелскиот народ ќе живеат во мир и безбедност и дека ова е можно само преку решението за две држави, „дури и ако се чини дека оваа цел станува сè потешка”.

Германската канцеларка рече дека Палестинците имаат право да водат економски и социјално просперитетен живот и дека нудењето перспективи за економски развој е клучно за овој процес, пренесе германската агенција детали од пресот.

Меркел рече дека Германија ќе продолжи да работи за изнаоѓање решение за две држави, „дури и да знае дека тоа ќе биде долг и напорен пат“.

Германија на палестинските територии лани им донираше 110 милиони евра (121,8 милиони долари), што ја прави еден од најголемите билатерални донатори во регионот.

Палестиснкиот претседател Махмуд Абас на пресот кажа дека неговата влада е подготвена да преговара за решението за две држави по должината на границите од 1967 година. Тој рече дека Палестинците се благодарни за напорите на Меркел да ја потикне мултилатералната соработка во насока на изнаоѓање решение со цел да се создаде мир и стабилност во регионот.

Абас кажа дека жали за позицијата на американската Влада, истакнувајќи дека не помага во создавањето мир и безбедност на Блискиот исток.

“Од овие причини ние бараме да има преговори под меѓународен надзор“, рече Абас, додавајќи дека група земји од Европа и од арапскиот свет треба да посредуваат меѓу Израел и палестинските територии, јави ДПА.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Либан: Над 70.000 луѓе се на улица и бараат засолниште

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на Западниот Брег со наредба за затворање