Меркел повика на одлучна борба против десницата

Од:

Ангела Меркел во овонеделната видео-порака повика на одлучна борба против десницата во Европа и нагласи дека никогаш не смее да се дозволи такви идеи да најдат место во „нашата демократска Европа“.

– Ние знаеме дека денес живееме во демократија, но знаеме исто така дека и таа демократија секогаш е во опасност, рече Меркел.

Таа исто така, рече дека германската Влада и голем дел од општеството многу сериозно ја сфаќаат опасноста која произлегува од редовите на десницата.

Меркел во вторник, како прв шеф на германската Влада, ќе го посети поранешниот концентрационен логор Дахау кај Минхен, во кој од 1933 до 1945 година беа затворени над 200.000 и убиени над 40.000 лица.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија