Меркел повика на кризен состанок за Грција

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика лидерите на сите водечки германски партии на кризен состанок денеска во Берлин, на кој ќе се расправа за кризата во Грција.

Шефовите и парламентарните лидери на сите партии застапени во германскиот Парламент, вклучувајќи ги и претставниците на Зелените и на Левицата, се повикани да присуствуваат на состанокот, пренесува Танјуг.

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис вчера изјави дека Меркел може да ја разреши актуелната криза, истакнувајќи дека таа го има клучот за решение.

– Владините лидери од ЕУ треба да дејствуваат. А меѓу нив (Меркел), како претставник на најважната земја, го има клучот.. Се надевам ќе го искористи, изјави за „Билд“ Варуфакис.

Тој истакна дека неговата Влада е отворена за нови предлози по неуспешните преговори во Брисел.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска