Меркел подготвена да помогне при решавањето на пограничниот спор помеѓу Словенија и Хрватска

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел по денешната средба со словенечкиот премиер Марјан Шарец изјави дека е подготвена да помогне при решавањето на словенечко- хрватскиот спор за границата, и ги пофали напорите на Словенија за заштита на границите на Шенген, пренесе агенција СТА.

– Германија ќе ги поддржи сите напори за решавање на пограничниот спор, рече Меркел на заедничката прес конференција со Шарец и додаде дека е подготвена лично да се ангажира.

Хрватска и Словенија се во спор за границата откако прогласија независност од СФР Југославија во 1991 година. Прашањето беше предадено на меѓународен арбитражен суд, кој ја утврди границата, но Хрватска одби да ја прифати пресудата, бидејќи сметаше дека процесот бил компромитиран.

Шарец истакна дека официјална Љубљана е согласна да разговара само за примена на одлуката на меѓународна арбитража. Тој ги отфрли критиките дека словенечката надворешна политика се сведува само на граничниот спор, велејќи дека Словенија сака конструктивно да учествува  во решавањето на сите актуелни проблеми во Европската унија.

Меркел и Шарец разговараа денеска за голем број прашања, вклучувајќи ги самитот на ЕУ следната недела, за Брегзит и миграцијата, посочува СТА.

Би можело да ве интересира

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ