Меркел: План со Турција за бегалците е приоритет за ЕУ

Од:

Земјите-членки на Европската унија со сите сили го поддржаа заедничкиот план со Турција за ограничување на приливот на бегалци во Европа, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел рано изутринава, по повеќечасовните разговори со лидерите на 28-члената Унија во Брисел.

– Денеска имам да соопштам нешто важно, а тоа е дека не само што го потврдивме Акциониот план на ЕУ и Турција, туку и го прогласивме за приоритет, рече Меркел, говорејќи за планот за заштита на надворешните граници на Унијата, стопирање на приливот на мигранти и сузбивање на илегалната миграција.

Таа нагласи дека и Австрија го поддржала планот и покрај нејзината еднострана одлука да воведе дневни ограничувања при влезот на бегалците и мигрантите на австриска територија, пренесува Танјуг.

– Во Европа сите секогаш сме партнери, нагласи Меркел.

Таа порача и дека лидерите на ЕУ сакаат да постигнат договор со цел Велика Британија да остане во Унијата.

– Постои желба Велика Британија да се задржи во составот на ЕУ. Стана јасно дека спогодбата за таа цел за многумина нема да биде лесна, но таа желба постои, рече Меркел.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“