Меркел: Нема уште многу време за договор со Грција

Од:

Германската канцеларка АНгела Меркел денеска изјави дека „нема уште многу време“ за постигнување договор меѓу Грција и нејзините кредитори.

– Немаме многу време и затоа мора да работиме напорно. Сега се брои секој ден за да се сработи она што мора да се направи, изјави Меркел на завршната прес-конференција на Самитот на Г-7, што вчера и денеска се одржа во германскиот град Крин.

Меркел нагласи дека проблемот со преговорите со Грција било едно од темите за кои разговарале учесниците на Самитот, но дека „не одземеал премногу време“. – Неевопејците се информираа за напредокот во преговорите, рече Меркел.

– Сите присутни изразија желба Грција да остане во еврозоната, потенцира Меркел, додавјаќи дека Атина мора да сфати оти „солидарноста на Европејците и Меѓународниот монетарен фонд бара Грција да преземе мерки и да даде предлози“.

Таа изјави дека в среда на маргините на Самитот ЕУ-Латинска Америка во Брисел „ќе има можност дирекно да разговара“ со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Францускиот претседател Франсоа Оланд пак изјави дека Атина има рок до крајот на јуни да ги отплати своите долгови, но дополни дека „ништо не спречува (преговорите) да одат побрзо, бидејќи тоа е и во интерес на Грција“.

Би можело да ве интересира

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас