Меркел не знае каде е Берлин

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел го промашила Берлин, главниот град на Германија на картата на светот и за нејзина несреќа покажала кон Русија.

Иако се верува дека таа и во сон треба да знае каде се наоѓа Берлин, сепак таа се посрамотила пред учениците.

Настанот се случил додека германската шефица присуствувала на јавен час по географија на кој учениците требало да ги научат главните градови на државите.

Сакајќи да им помогне во задачите таа сама излегла на таблата и го барала Берлин, но со прстот покажувала во Русија.

„Берлин би требало да е овде? Или овде? Не? Овде! – збунето велела Меркел.

Наставничката и кажала дека тоа е Русија, а Меркел се уште не сфаќајќи ја својата грешка, ја прашала:

„Како Русија, зарем сме толку блиску?

Единствено нешто што оди во прилог на катастрофалното незнаење на Меркел е празната карта на која се оцртани само границите на континентите, а не на државите, но сепак од една политичарка која ја крои глобалната политика во Европа, се очекува барем ако не Берлин, да не ја промаши Германија.

Би можело да ве интересира

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Објавена просечната плата во Германија за 2025 година