Меркел: Не е сигурно дека најновиот спасувачки план за Грција ќе успее

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека не е сигурно оти најновиот спасувачки план за Грција ќе успее, но изрази надеж дека земјата ќе успее да ја надмине економската криза доколку се придржува кон договорите подготвени од кредиторите.

Таа истакна дека Грција не може да очекува отпишување на долгот. Според неа постојат и други начини за олеснување, како на пример преку намалување на каматите.

Меркел нагласи дека очекува Меѓународниот монетарен фонд да учествува во новиот спасувачки план за Грција, додавајќи дека генералниот директор на институцијата Кристин Лагард ветила дека ќе лобира за тоа пред управниот совет на ММФ.

– ММФ учествува во преговорите. Тој го поддржува грчкиот договор. Не се сомневам дека она што го кажува Лагард ќе стане факт, истакна германската канцеларка.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија