Меркел: НАТО не бара конфронтација со Русија

Од:

НАТО не сака каква било конфронтација со Русија и ќе продолжи да бара начини за развој на соработката со Москва, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел по разговорот со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Берлин.

Таа истакна дека НАТО се залага за политичка соработка со Русија, јави ТАСС.

Столтенберг ја повика Русија да се откаже од поддршката на „сепаратистите“ во источна Украина.

– Ја повикуваме Русија да ги почитува договорите од Минск, да користи свое влијание на сепаратистите и да ги натера да го почитуваат прекинот на огнот, како и да ја повлече својата поддршка на сепаратистите, изјави Столтенбер на прес-конференцијата во Берлин.

Столтенберг тврди дека НАТО не бара конфронтација со Русија.

– НАТО се стреми кон поконструктивен и покооперативен однос со Русија. Но, за да можеме тоа да го воспоставиме и Русија мора да го сака истото, истакна Столтенберг по разговорот со германската канцеларка.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија