Меркел-најмоќна жена во светот

Од:

Германската канцеларка, Ангела Меркел повторно е највлијателна жена во светот според „Форбс“

Листата на трите највлијателни жени е иста како и минатата година, на вторo место е американската државна секретарка Хилари Клинтон, а на трето – бразилската претседателка Дилма Русеф.

„Форбс“ ја истакнува одлучноста на Меркел за зачувување на Европската унија и нејзиното влијание врз продолжената европска должничка криза. За Клинтон се посочува нејзината умешност да се спарави со кризи, како што беше објавувањето на илјадниците дипломатски документи на Викиликс. „Форбс“ наведува дека Русеф го зазема третото место поради тоа што управува со осмата економија во светот и поради нејзиниот личен рејтинг во татковината.

Би можело да ве интересира

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот