Меркел на удар на опозицијата заради шпионажа на БНД во корист на НСА

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел се најде на удар на критиките на опозицијата, но и на владејачките социјалдемократи заради наводите дека американските разузнавачки служби ги користиле шпионите на БНД како „посредници“.

Од Меркел и нејзиното опкружување се очекуваат објаснувања и одговори по откритието дека во 2008 и 2010 година Канцеларската служба го игнорирала предупредувањето за обиди на американската разузнавачка служба (НСА), преку германската Сојузна разузнавачка служба (БНД), да шпионира европски фирми, како ЕАДС и „Еурокоптер“, пренесува Танјуг.

– Актуелните обвинување се драстични. Тие мораат темелно и сеопфатно да се разјаснат. Скандалот полека достигнува една сосема нова димензија, изјави денеска за „Шигел-онлајн“ генералниот секретар на Социјалдемократската партија (СПД) Јасмин Фахими.

Социјалдемократите, како што пренесува „Шпигел“, сметаат дека Канцеларската служба е тешко оптоварена и сакаат соодветно да се прошири фокусот на работата на парламентарната комисија на Бундестагот за истражувањетона работата на НСА.

Од аголот на гледање на СДП, во овој случај станува збор и за кредибилитетот на самата Меркел, а опозициската партија на Зелените смета дека Меркел е директно одговорна.

-Аферата го зафаќа нејзиното директно поле на работа, БНД нејзе и е директно подредена, рече шефот на пратеничкиот  клуб на „зелените“ Антон Хофреитер.

-Ако сознанијата се точни и ако се потврди дека Канцеларската служба била претходно информирана за тоа, тогаш нејзиното (Меркел) објаснување дека шпионажа меѓу пријателите не е можна, не може да биде оддржливо. Тогаш аферата со БНД ќе стане афера за кредибилитетот на германската Влада , рече Хофреитер.

„Билд ем Зонтаг“ претходниот викенд дозна дека Канцеларската служба уште во 2008 година била предупредена за обидите за шпионажа на американската НСА против европските фирми,како ЕАДС или „Еурокоптер“.

Според медиумските сознанија, БНД повеќе години  наназад во името на НСА шпионирала европски политичари, компании и менаџери.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“