Меркел: Лондон на европскиот пазар само ако дозволи слободен проток на граѓани

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска порача дека Германија сака пријателски односи со Велика Британија но дека Лондон може да биде дел од слободниот европски пазар само ако дозволи слободно движење на европските граѓани.

– Секогаш ќе натежнувам во корист на Велика Британија но секогаш со мисла дека ние останатите 27 земји членки сакаме да ја зачуваме Европа, изјави Меркел на средба со членови на нејзината партија ЦДУ во Падерборн, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според канцеларката, отстапки за Велика Британија за слободно движење на пазарот на работна сила ќе предизвика опасен преседан во ЕУ што може да ја доведе во прашање целата Унија.

Пред своите партиски колеги Меркел порача дека ЕУ мора да работи интензивно за да ја зајакне безбедноста и да обезбеди сите нејзини одлуки да бидат спроведени, потенцирајќи дека Унијата има дефицит кога се работи за спроведување на акциите на европско ниво.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски