Меркел ќе се сретне со папата Франсис

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел прв пат откако е на должност, од 2005 година официјално ќе го посети Ватикан, центарот на Католичката црква.

Како што соопшти владата во Берлин, Меркел од 18-ти мај ќе престојува во Ватикан.
Разговорот со папата Франсис е предвидено да трае 45 минути, пренесе Верската информативна агенција.

Во Ватикан истакнаа дека со ова се крши непишаното правило. Имено, претседател или премиер на држава која што треба да одржи избори не смее да го посети центарот на Католичката црква.

Меркел во 2003 година приватно се сретна со папата Јован Павле Втори. Папата Бенедикт иако е од нејзината држава, никогаш не го посети во Ватикан, иако со него се најде два пати во Германија, за време на неговата посета во 2006 и 2009 година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија